На пазарот на нови автомобили во Германија има недостиг од помали возила со поволни цени, кој е зголемен поради слабата понуда. „Порастот на цените на автомобилите и прекинот на производството на многу помали модели влијаат на недостигот на достапни автомобили на пазарот“, објави германскиот AДАК, најголемиот автомобилски клуб во Европа.
AДАК ги критикуваше производителите на автомобили што речиси и да не пласираат помали модели на пазарот, во време кога Фолксваген и Пежо најавија прекин на производството на нивните помали модели Уп и 108. Сите четири помали модели достапни по добра цена во Германија – Дачија Сандеро, Фиат Панда, Ситроен Ц3 и Мицубиши Спејс Стар – ја надминаа границата од 10.000 евра и се единствените што не надминуваат 15.000 евра, според AДАК.
Критики беа упатени и за неможноста да се набави дополнителна безбедносна опрема како странични воздушни перничиња. Од четирите наведени модели, само Mицубиши ја нуди оваа опција, но со дополнителен надомест во пакет кој чини 6.800 евра. Помеѓу 2020 и 2023 година, цените на автомобилите експлодираа, како што претходно истакна AДАК. Сето ова влијае и на основните модели: меѓу 2017 и 2023 година малите автомобили поскапеа за 35 отсто, а микро автомобилите до 55 отсто, пренесува Бета.