Откако средата цената на нафтата го доживеа најголемиот пад во последните две години, вчера имаше повторно зголемување на цената на нафтата на светските пазари.
Брент сшровата нафта средата доживеа пад на цената од 6,9 отсто, што е најголемиот пад во последните две години и достигна до цена од 73,4 долари за барел. Американската сирова нафта поевтини за пет отсто, и по овој најголем пад на цената во последната година, се нудеше за цена од 70,38 долари за барел.
Аналитичарите тоа го припишаа на соопштението од Националната нафтна компанија на Либија дека повторно ќе отвори четири терминали за извоз што беа затворени кон крајот на минатиот месец и дека ќе го зголеми производството. Поевтинувањето не беше спречено ниту од соопштението од американската влада дека резервите на американска сирова нафта се намалиле за 12 милиони барели во минатата седмица.
Сепак, вчера на светските берзи, сировата нафта повторно поскапе, па американската нафта на њујоршката берза се нуди за 70,88 долари, што е половина долар повеќе од средата.
Брент сировата нафта на лондонската берза вчера поскапе за 1,38 долари, на 74,76 долари за барел.