Најголем број медали споредено со конкуренцијата за вработените во Комерцијална банка на годинашниот спортски турнир по повод Денот на штедењето.

Честитки за hashtagКБтим, кој собра три златни, два сребрени и два бронзени медали.

Златните медали беа резервирани за мешаната екипа во одбојка и за машките екипи во пикадо и во куглање, а сребрени медали ги освоија женската екипа во куглање и мешаната екипа во шах. На трето место се пласираа женските екипи во тенис и во пинг понг.

Турнирот беше во организација на Синдикатот на финансиски организации на Македонија – СФОМ.