Домаќинствата минатата година над половина од домашниот буџет го потрошиле на храна и пијалаци, од кои најмногу за месо, млечни и житни производи. Најмногу во домаќинствата се јадело леб, компир, додека, телешко и јунешко месо најмалку.
Најмногу се пиеле безалкохолни пијалаци и млеко, покажуваат податоците на Заводот за статистика. Над десет проценти од семејниот буџет на домаќинствата одел за режиски трошоци, додека за сообраќај трошеле по околу 16 илјади денари или 5,5 отсто, што е повеќе од тоа што домаќинствата трошеле за здравје, рекреација, култура и образование заедно.