Најголемиот руски производител на нафта, „Роснефт“, извести дека полугодишната нето-добивка му пораснала за 13 отсто, односно за 432 милијарди рубљи (7,22 милијарди долари). Во соопштението на компанијата се вели дека добрите резултати биле помогнати од строгата контрола на трошоците.

Рускиот нафтен сектор се соочува со санкции од западните земји поради војната во Украина.

„„Роснефт“ беше под силен невиден притисок од негативни надворешни фактори и незаконски санкции“, се вели во соопштението потпишано од извршниот директор Игор Сечин, кој и самиот е под санкции.

Русија, исто така, претрпе одлив на западен капитал од почетокот на инвазијата врз Украина, која Москва ја нарекува „специјална воена операција“. Британскиот гигант „БП“ во февруари објави дека го продава својот удел од 19,75% во „Роснефт“.

Руската компанија соопшти дека продажбата на нафта од јануари до јуни се зголемила за 5,7 отсто на годишно ниво, додека нејзиниот долг паднал за 12 отсто на годишно ниво.