Политиката на негативни каматни стапки не може да трае долго
Политиките на Европската централна банка (ЕЦБ), под контрола на Марио Драги, се најважниот фактор за стабилизирање на еврото. Ако ја погледнеме реалната економија, сè уште гледаме значителни разлики меѓу земјите. Италија сериозно заостанува зад динамиката во другите земји во однос на растот и намалувањето на долговите.
Ова го рече Манфред Хубнер, управен партнер во „Сентикс“.
„Според нашата студија, најголема веројатност за пад на еврозоната доаѓа од Италија. Но, веројатноста е 10%, така што заканата не е голема“, рече тој.
Според него, од гледна точка на инвеститорот, Италија претставува најголем ризик за идни проблеми.
„ЕЦБ вети дека ќе даде се од себе и започна да ги купува државните обврзници за да го намали ризикот од финансиски колапс на еврото. На крајот на краиштата, ние гледаме дека оваа политика најверојатно ќе заврши наскоро. Политиката за негативни каматни стапки не може да трае долго време “, истакна Хабнер.
Хубнер потсети дека ЕЦБ купила обврзници од земји-членки на еврозоната за повеќе од 2 трилиони евра. „Ова има директен и индиректен ефект врз расположението на инвеститорите“, објасни тој.
„Индиректниот ефект е што поради нискиот принос на обврзниците, еврозоната се стабилизира. Има помала невработеност. Сето ова помага да се стабилизира еврозоната, но не сметаме дека тоа ќе биде доволно“, рече тој.
Според него, потребна е поголема интеграција во Европа.
„Најголем проблем за еврозоната е слабоста во економијата. Ова ги вклучува и проблемите на германската економија, која е најголема во еврозоната. Ако германската економија го изгуби моментумот, тоа би влијаело на еврозоната“, заклучи Хубнер.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк