Норвешкиот државен фонд од 1,3 билиони долари, најголемиот јавен инвестициски фонд во светот, ќе ги продаде своите руски средства поради руската инвазија на Украина, изјави во неделата норвешкиот премиер.
Рускиот имот на фондот, кој се состои од акции во околу 47 компании и поседувања на државни обврзници, на крајот на 2021 година вредеше 25 милијарди норвешки круни (2,83 милијарди американски долари). Тоа е 5 милијарди круни помалку од една година порано, беше цитирана владата, јави Ројтерс.
„Одлучивме да ги замрзнеме инвестициите на фондот и го започнавме процесот на продажба (на средствата во Русија)“, рече премиерот Јонас Гар Сторе на прес-конференција.