Рудникот се наоѓа во Австралија и е познат по производството на розови дијаманти
Најголемиот дијамантски рудник познат по повеќе наоѓалишта на розови и црвени скапоцени камења, ќе биде затворен од Rio Tinto Group по речиси четири децении работа.
Од своја страна, конкурентите од Русија и Канада се надеваат дека можат да ги пребродат проблемите во индустрија, пишува Bloomberg.
Рудникот Argyle од Rio во Западна Австралија го трансформира секторот од 1983 година, кога почна со работа и започна екстракција на скапоцени камења за двата сегменти на пазарот.
RBC Capital Markets и Panmure Gordon се меѓу оние кои предвидуваат дека затворањето може да ги втурне нагоре цените кои се стегаат од 2011 година, пишува сајтот PolishedPrices.com кој ја следи индустријата.
Аргил е околу 2600 километри североисточно од главниот град Перт. Се очекува рудникот да престане со работа пред крајот на следната година, откако конечно се исцрпија можностите за снабдување со економски вредни камења, тврди Арно Соар, шеф на бизнисот на Rio со мед и дијаманти.
“На крајот на 2020 година ќе престанеме со операциите и ќе започнеме со рехабилитација на местото”, коментира Соар.
Argyle е познат како извор на околу 90% од розовите дијаманти во светот, кои се меѓу највисоко ценетите во секторот.
Во април 2017 година Sotheby’s продаде на аукција еден од нив – 59,6-каратов “Pink Star”, добиен од конкурентот на Rio, De Beers. Сумата од 71 милиони долари, која беше достигната тогаш, е рекордна за аукција. Иако привлекуваат најголемо внимание, розовите камења претставуваат само 0,01% од вкупната продукција на Argyle.
Повеќе од две третини од производството на компанијата е поврзано со кафени дијаманти со пониска вредност, а вкупната продукција на рудникот се продава во просек од 15-25 долари за карат, покажуваат податоците на Canaccord Genuity Group за 2017 година Ова е доста под просекот од цената од 171 долари пријавена минатата година за De Beers.
Во меѓувреме, рудникот е и најголемиот производител на дијаманти во обем.