Во Германија 67 години се малку за заминување во пензија. Иако граѓаните се противат, предлогот границата да се зголеми за две години најверојатно ќе стане реалност.
Во Германија од 2012 година се зголемува границата за пензионирање, а до 2031 година таа треба да биде 67 години. Но, тоа е малку за државната каса. Германската централна бамка соопшти дека не можат така лесно да се пополнат дупките во пензискиот систем.
Велика Британија и Финска ќе ја зголемат границата на 68 години.