Претставници на Стопанската комора на Македонија ќе учествуваат на Конференцијата „Иднината на Балканот – кон глобална вклученост“, која ќе се одржи денес (24.01.2018 година) во Тирана. На Конференцијата, на која, меѓу другите, ќе учествуваат и претседателот на Република Албанија, господин Илир Мета, заменик-претседателот на Владата на Република Албанија, госпоѓа Сенида Меси, директорите на берзите од регионот, како и претставници на коморите од земјите од Западен Балкан, ќе стане збор за перспективите на институциите за постигнување глобална вклученост на Западен Балкан, за состојбите на пазарот на капитал во овие земји, но и за можностите за унапредување на прекуграничната соработка.
Во рамките на последниот панел, кој ќе биде посветен на прашањата за активностите на Коморскиот инвестициски форум, унапредување на деловниот амбиент во регионот и активно вклучување на бизнис-заедницата во Берлинскиот процес, со цел зголемување на просперитетот на регионот преку одржлив раст, ќе учествува и д-р Татјана Штерјова, национален координатор на Коморскиот инвестициски форум во рамките на Стопанската комора на Македонија
28.01.2018 11:27