Управата за јавни приходи ја објави најновата листа на должници за долгови доспеани до 31 јули и неплатени до 31 октомври по основ на ДДВ и данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На листата повторно бројни се јавните претпријатија. ЈП за одржување магистрални и регионални патишта должи дури 259 милиони денари, Јавното комунално претпријатие Тетово должи 159 милиони денари, Македонска радиодифузија должи 25 милиони денари, Водостопанство на Македонија должи 8 милиони денари, МРТ 21 милион денари.