Најлошото допрва доаѓа, можна е рецесија, треба одлучни потези против инфлацијата.Ова се дел од заклучоците на Меѓународниот монетарен фонд кој деновиве по три години корона пауза се ссостана со физичко присуство.

Рекордна инфлација и стагнација на економскиот раст, состојбата со електричната енергија, нафтата и гасот, нарушениот пазар со храна, војната во Украина– се само дел од негативните забелешки кои се дел од најновиот Извештај за глобалната финансиска стабилност на ММФ во кој главната оценка е: растот проценет во јули нема значително да се промени, но во наредната година се очекува нешто помал раст од предвидениот.