Европа минува низ најтешката суша во последно време – така ја нарекуваат земјоделците. Тоа би можело да предизвика недостиг на храна и финансиски проблеми за Европејците, пишува „The Weather Network“.
Од мај 2018-та година, владее суша во Европа, температурите се над просекот за сезоната, има бројни топлотни бранови. Литванската влада прогласи вонредна состојба поради таа причина, а Латвија ја прогласи сушата за природна катастрофа на национално ниво.
Норвешка, Ирска и Данска наметнаа ограничувања за вода. Цената на електричната енергија се очекува да се зголеми во Норвешка, Белгија и Холандија поради високата зависност од хидроелектричната енергија.
Некои области добро се справуваат со реколтата и покрај условите, додека други очигледно страдаат. Благодарение на наводнувањето Белгија и Холандија имале помали загуби, додека Западна Белорусија, Западна Полска и Чешка имаат дефицит на влага.
Што значи тоа за земјоделците?
Многу европски земјоделци се соочуваат со екстремни финансиски загуби и дури се соочуваат со банкрот.
Ленарт Нилсон, кој одгледува говеда во Шведска и е копретседател на Шведската асоцијација на земјоделците (SFA), за изјави „Guardian“ дека неговите лични финансиски загуби ќе бидат околу 500 илјади шведски круни (над 56 илјади долари).
„Во поголемиот дел од југозападна Шведска нема дожд уште од почетокот на мај“, рече Нилсон. „Тоа е сериозно“, потенцира тој.
Повеќето земјоделци сега работат со загуба, заработуваат помалку отколку што трошат за да ги задржат своите култури и ги поддржуваат своите семејства. Шведското земјоделско здружение верува дека ако нема дожд, многу од нејзините членови ќе се соочат со банкрот и ќе загубат до осум милијарди круни.