Иновативните деловни субјекти учествуваат со 48.2 проценти во вкупниот број деловни субјекти во периодот 2018 – 2020 година, покажуваат податоците на Држваниот завод за статистика.
Од вкупниот број иновативни деловни субјекти, 14 проценти имаат воведено иновација на производ, 31,8 проценти иновација на процес, а 50,7 проценти имаат воведено иновација на производ и процес. Прекинати или откажани иновации имаат 3,5 проценти од вкупниот број иновативни деловни субјекти.
По сектори, најмногу иновации има во секторот Маркетинг (реклами и пропаганда) и истражување на пазарот (76,3 проценти), потоа во секторите Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (66,7 проценти), Финансиски дејности и дејности на осигурување (61,1 процент), а најмал процент на иновации има во секторот Научно истражување и развој (17,6 проценти).