Скоро и да нема хотел, ресторан, маркет или поголем продажен објект во Охрид без отворен оглас за вработување.
Туристички Охрид полека останува без слободна работна сила, а според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, најмногу слободни работни места во услужните дејности и продажбата.
Во второто тримесечје од 2021 година стапката на слободни работни места изнесува 1,78 отсто, а на ниво на држава, најголем број слободни работни места, 3.690, има во секторот услужни дејности и продажба.
Според податоците, највисока стапка на слободни работни места од 4,64 проценти има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,16 отсто.
Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,54 отсто.
Југозападниот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,72 процента.