Со традиционално добредојде, на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, денес беа пречекани патниците кои пристигнаа со првиот лет од Дортмунд до Охрид.

Новата директна линија ќе сообраќа во текот на целата година, со две неделни фреквенции. Почнувајќи од денеска, 2-ри јули, летот од/до Дортмунд ќе сообраќа секој вторник и сабота, со време на пристигнување во 11:15 и време на поаѓање во 11:45 часот, информираат од ТАВ Македонија.