Од вечерва на полноќ литар гориво ќе се продава поскапо за денар и половина. Еуросупер БС 95 ќе чини 78 денари, БС 98 – 80 денари, Еуродизел – 75 денари, екстра лесното гориво – 74,50 денари, а биодизелот – 76 денари. Цените на метанот и на автоплинот остануваат исти, додека кај мазутот има намалување на 41,732 денари за килограм.
Ова зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од 1,36 одсто, Регулаторната комисија за енергетика го објаснува со растот на цените на светскиот пазар и курсот на денарот кој е зголемен за 0,55 одсто во однос на доларот.