Биткоинот, најстарата и најпопуларна криптовалута во светот, продолжи да ја губи вредноста, за што дополнително придонесе и последниот твит на Илон Маска. Оваа дигитална монета во моментов се тргува по цена од 35.618 американски долари.

Во текот на последните 24 часа, цената на биткоинот се движеше од 34.873 до 37.930 долари, а беше забележан пад од 5,12 проценти. Ако ги погледнете последните 7 дена, биткоинот е сè уште црно, за 4 проценти.

Пазарната капитализација на биткоинот моментално вреди 673,59 милијарди долари.

Етереум, втората најпопуларна криптовалута, забележа минимален пад од околу 1 процент, а во моментов се тргува по цена од 2.677 долари, а неговата пазарна капитализација во моментов надминува 300 милијарди долари.

Криптопазарот доживеа голем пад минатиот месец, бидејќи цените на скоро сите монети драстично паднаа по серијата негативни изјави на влијателни инвеститори и бизнисмени. Исто така, одлуките на одредени државни регулаторни тела, особено кинеските власти, дополнително влијаеа на негативното движење на вредноста на криптовалутите.