Здружението за заштита на потрошувачите „Ефектива“ ги повика граѓаните во Србија да не купуваат во Лидл од денеска до 16 март, во знак на протест против високите цени, пред се на храната.
Минатата недела беа бојкотирани продавниците на Меркатор, а една недела пред тоа и супермаркетите кои работат како дел од трговскиот синџир Делез.
На бојкотот на индивидуалните синџири му претходеше еднодневен, а потоа и петдневен бојкот на петте најголеми трговски синџири – Делез, Меркатор, Лидл, Универекспорт и Дис.