Пред да го поднесете барањето за добивање на кредит до банката, треба да се информирате за следниве работи:
- Што е ефективната каматна стапка и кои трошоци се вклучени во пресметката на истата
- Дали номиналната каматна стапка е фиксна или променлива
- Кај кредити со грејс период дали банката пресметува интеркаларна камата и во кој процент
- Во која валута е индексиран кредитот
- Кој девизен курс банката го користи при одобрувањето на кредитот, а кој при враќањето односно плаќањето на ануитетот т.е. рата
- Кои средства за обезбедување ( хипотека, залог, меница и сл. ) се потребни за добивање на кредитот и за износот на трошоците по основ на стекнување на потребните документи кои ги бара банката, како што се трошоците за проценка, премии за осигурување или други давачки во врска со средствата за обезбедување на кредитот
- Дали кредитот е со учество или депозит
- Дали банката го задржува правото, да прави промени во одредени услови на договорот за кредит и во кои услови
- Дали во договорот е предвидена предвремена отплата на кредитот, како и намалување на основицата и какви се условите во такви случаи (кога тоа може да се направи и дали во договорот се предвидени трошоци за предвремена отплата )