Тој вели дека ја посетува компанијата секојдневно со цел да мине низ сите операции и да го провери секој отсек.
Најстариот милијардер на светот, стогодишниот Чанг Јун Чунг (неговото богатство се проценува на 2,1 милијарда долари), наместо да ужива во пензијата, тој и по 80 години и натаму работи.
Седењето дома за основачот на компанијата „Pacific International Lines“ (PIL) не е опција. Иако функцијата директор ја препушти на својот син Тео Сионг Сенг во текот на минатата година, стогодишниот Сингапурец и натаму инсистира да оди на работа секој ден.
„Тоа е мојата навика“, вели Чунг за „CNBC“.
Тој вели дека ја посетува компанијата секојдневно со цел да мине низ сите операции и да го провери секој отсек.
„Секој ден пишувам за своите активности во дневник. Едноставно не можам да бидам дома, затоа што ми е многу досадно“, додава Чунг кој во далечната 1967 година ја основал компанијата „PIL“.
Неговиот син Тео вели дека барем два пати дневно се консултира со својот татко околу одредени одлуки и водењето на компанијата која има речиси 18.000 вработени.
„Во секоја работа, особено во водењето на компанија за изградба на бродови, се соочувате со различни проблеми, од политички, технички, до незгоди. Да се остане мирен и да се заборави на темпераментот во оваа работа е најважно, а тоа го имам научено од својот татко и се уште учам од него“, вели Сенг.
Стогодишниот Чунг вели дека доброто ментално здравје го одржувало среќен во сите овие години.
„Никогаш не ги губам нервите. Не можам тоа да го сторам, затоа што ако тоа се случи, едноставно не можете да се контролирате“, раскажува Чунг.