Конечно камионџиите добија зелена лента за брзо поминување на границата. Во рамките на иницијативата отворен балкан на граничниот премин Табановце, за оние камиони кои влегуваат во Македонија- Царинската управа ја постави првата табла со која се означува Зелена лента што е еден од првите проекти на иницијативата кои даваат конкретен и видлив резултат за побрз проток на стоки.
Најголемата придобивка од Зелената лента всушност е за компаниите и транспортерите, како и за Овластените економски оператори од Отворен Балкан бидејќи со оваа брзалента драстично се намалување на времето на чекање на граничните премини. Тоа според царинските власти е овозможено преку приоритет во преминувањето и спроведување на царинските постапки со скратени и олеснети физички и документациски контроли.
Со визуелното обележување на Зелената лента за Отворен Балкан, Царинската управа ги упатува транспортерите кон полесно движење на стоките и намалување на трошоците за извоз и увоз. Од Владата најавуваат дека следната недела вакви обележја ќе бидат поставени и на граничниот премин Ќафасан за влез во Македонија, а потоа тоа ќе го направат и царините од Србија и Албанија за влез на нашиет камиони во тие две држави.