Германската економија минатата година падна во рецесија. Тамошните економисти објавија дека личната потрошувачка не успеала да биде поддршка на економијата поради високата инфлација. Граѓаните помалку трошеле на храна и пијалаци, како и на облека, чевли и мебел.
Нашата поврзаност со германската економија е огромна. Особено влијание има врз текстилната индустрија, која и онака, како трудоинтензивна гранка, ослабува.
Сепак, во дејноста остануваат моќни бизнис-лидери, покажува анализата на порталот Пари во соработка со БизнисМрежа. Така, прометот во десетте најголеми текстилни компании е 150,3 милиони евра. Тие произведуваат постелнини, заштитна облека, но тука спаѓаат и фирмите коишто шијат навлаки за автомобилски седишта.
ПРИЛЕПСКИОТ КОМФИ АНГЕЛ – НЕПРИКОСНОВЕН ЦАР ВО ПРОМЕТОТ
Прилепската фабрика Комфи ангел со 817 вработени веќе долги години е на чело на листата на наши најприходни текстилни компании. Оваа компанија се занимава со производство на душеци, перници и постелнини. Ланскиот приход ѝ бил 45 милиони евра, а остварената добивка 2,27 милиони евра.
Адиент (поранешна Џонсон контролс) има две фабрики коишто се занимаваат со производство на навлаки за автомобили: Адиент сеатинг ДООЕЛ Штип и Адиент аутомотиве ДООЕЛ Струмица. Штипската фирма направила промет од 26,5 милиони евра и добивка од 963.000 евра, а струмичката фирма имала промет од 21, 8 милиони евра и добивка од 859.000 евра. Во овие две фабрики има 2.710 вработени.
Техникал текстајлс ДООЕЛ Штип произведува изолациони материјали за градежната, автомобилската и авионската индустрија. Од тоа компанијата направила промет од 21,2 милиони евра и добивка од 4,38 милиони евра, со што се рангираше на прво место по добивка. Во Техникал текстајлс се вработени 147 работници.
Инако мак ДОО Ново Лагово Прилеп со 305 вработени произведува постелнини и тоа ѝ донело промет од 10,5 милиони евра, а добивката ѝ била 460.000 евра.
Гс текстил ДОО експорт-импорт од с. Василево, Струмица е уште една фабрика којашто произведува постелнини. Компанијата направила промет од 8,2 милиони евра и имала добивка од 122.000 евра. Таму има 72 вработени.
Декор текстил ДООЕЛ експорт-импорт Гостивар произведува ткаенини и лани направила промет од 5,4 милиони евра, а добивка од 860.000 евра.
Друштвото за производство на предиво и конец Ветекс АД Велес испрело приход од 5,3 милиони евра, а добивката му била 107.000 евра. Компанијата лани имала 113 вработени.
Илфа текстил од Гостивар произведува и продава текстилни ткаенини коишто ѝ исткале приход од 3,4 милиони евра и добивка од 113.000 евра, но според сегашното предупредување на Бизнис Мрежа, таа има блокирана сметка.
Акционерското друштво за производство и промет со фротирски производи Фротирка компани АД Делчево направило промет од 2,8 милиони евра и добивка од 15.000 евра. Компанијата имала 106 вработени.
ТОП 10 бизнис-лидери по приходи во текстилната индустрија во 2024 година
НАЈГОЛЕМАТА НЕТО-ДОБИВКА ВО ИНДУСТРИЈАТА Е 4,38 МИЛИОНИ ЕВРА
Како што може да се види од податоците, најголема добивка имала компанијата Техникал текстајлс, и таа изнесува 4,38 милиони евра. Најниската добивка, пак, во ова друштво од 10 најпрофитни компании била од Гс текстил и изнесува 122.000 евра.
Во листата на 10 најприходни компании има 3 коишто не во листата на 10 најпрофитни компании. Тие се: Ветекс, Илфа текстил и Фротирка компани.
Јасно е дека на нивно место има три компании со висока нето-добивка, но коишто не влегле во листата на 10 најприходни фирми. Тие се:
- Јосиба протект ДООЕЛ Скопје, компанија којашто произведува заштитна облека. Добивката во 2023 година ѝ била 491.000 евра, а тоа го направила со приход од безмалку 2 милиони евра.
- Дреник М ДООЕЛ увоз-извоз Скопје се занимава со предење текстилни влакна. Лани испрела добивка од 133.000 евра, а прометот ѝ бил 653.000 евра
– Книтед индустриал текстил ДООЕЛ увоз-извоз Штип се занимава со индустриски текстил. Имала добивка од 122.000 евра и приход од 1 милион евра.
10 НАЈГОЛЕМИ РАБОТОДОВАЧИ КАЈ ТЕКСТИЛЦИТЕ
Десетте компании коишто вработуваат најмногу работници во овој сектор лани имале од 72 до 1.518 вработени
10 бизнис-лидери по број на вработени во текстилната индустрија
Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/
Текстот го подготви Редакцијата на порталот Пари, наменски за настанот Бизнис Лидер