Во земјава највисоката просечна бруто плата е исплатена во секторот Воздухопловен транспорт и истата изнесува 200.842 денари.

После подолг период највисоката просечна бруто плата не е во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности. Во декември лани во овој сектор просечната бруто плата е 154.829 денари.

За споредба просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2024 година, изнесувала 41.999 денари.

Просечната бруто-плата во декември 2024 година достигна 65.582 денари.