(Блумберг) – Главниот извршен директор на JPMorgan Chase & Co, Џејми Димон прогнозира дека шансите САД и Кина да постигнат трговски договор се околу 80 проценти, давајќи нота на оптимизам, дури и по зголемувањето на спектарот на царините и негативните реакции на глобалните пазари.

И покрај неодамнешното зголемување на тензиите меѓу двете земји, шефот на банката во интервјуто за телевизијата Блумберг изјави дека веројатно на крајот ќе има договор. Тој, сепак, рече дека глобалниот раст ќе биде погоден ако разговорите одат “во несакана насока”.

“Сега имаме прилично голема нерамнина на патот”, рече Димон. “Понекогаш неговите твитови ( Трамп ) не треба да се занемаруваат. Јас не мислам дека ќе има договор до петок. ”

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги подигне тарифите за кинеските производи почнувајќи од петок. Кинескиот вицепремиер Лиу Хи ќе се состане со американскиот претставник за трговија Роберт Лихтизер и секретарот за финансии Стивен Мнучин, на 9 и 10 мај, според соопштението од вторникот од веб-страницата на кинеското Министерство за трговија.

Кина веќе отвори многу индустрии, рече Димон на маргините на годишниот самит на ЈП Морган во Пекинг, нешто што е во сопствен интерес на земјата. Банката на САД неодамна доби одобрение за преземање на мнозински удел во вложувања во хартии од вредност во континентална Кина.

Изгледите за трговски договор беа минимизирани по изненадувањето на Трамп на Твитер во неделата дека планира да ги зголеми царините од сегашните 10 %, бидејќи разговорите се движеле премногу бавно. Претседателот рече дека тој, исто така, може да наметне царини “наскоро” на 325 милијарди долари кинески увоз што во моментов не се покриени, потег што би го погодил речиси целиот увоз од азиската нација.