Продолжен рокот за аплицирање за мерката 3 од ИПАРД 2:
Од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и на руралниот развој информираат дека рокот за аплицирање за мерката 3 од ИПАРД 2 е продолжен. По барање на заинтересираните потенцијални апликанти, се продолжува рокот за 15 дена на јавниот повик 1/2023 за доставување барања за користење на средствата од #ИПАРД 2-програмата за мерката 3. Крајниот рок е 3 октомври 2023 година.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и на руралниот развој го објави последниот јавен повик од ИПАРД 2- програмата за доставување барања за користење средства по мерката 3 – инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и на рибни производи.
Финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од 50% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите.
Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува 8,8 милиони евра, а крајниот рок за поднесување на барањата е 3 октомври 2023 година.
Финансиските средствата по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ до 50% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите.