Во најмала рака се добива производна цена на кг. тутун за 2023 год од минимум 400 денари, велат од тутунските здруженија.
ОТКУПНАТА ЦЕНА НА ТУТУНОТ НЕ ЈА ПОКРИВА НИ ОСНОВНАТА ПРОИЗВОДНА ЦЕНА. ТУТУНОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ ВО ТОТАЛНА ЗАГУБА
Почитувани тутунопроизводители,
Многу пати како „Национална земјоделска мрежа“ и „Тутунска надеж“ бевме прозвани дека барањето за просечна отупна цена од 600 денари на ситнолисен ориентален тутун е превисоко. Според Статут наша должност е секогаш објективно и транспарентно да ја информираме пошироката јавност и сите заинтересирани чинители. Затоа во ова прилика јавно ја споделуваме неофицијално калкулативно производната цена на килограм тутун за производната реколта 2022 год. која изнесуваше 296 денари вкупно производни трошоци по килограм произведен тутун.
Ако кон ова се додаде растот на цените на репроматеријалите работната рака и инфлационата стапка за производната реколта 2023 год. од минимум 30%, во најмала рака се добива производна цена на кг. тутун за 2023 год од минимум 400 денари.
Бараме ЈАВНО надлежните и откупните фирми да се произнесат околу ова информација што јавно ја лиферуваме да ја потврдат или аргументирано демантират. Во спротивно во целост ќе се потврди манипулативниот грабеж на нас тутунопроизводителите од страна на откупните фирми преку преќутниот молк од страна на надлежните институции. Во прилог табели со пресметка на производна цена за реколта 2022 год со сите влезни импути со јасно дефинирана производна цена од 296 денари за реколта 2022 односно 400 денари за реколта 2023 год по кг. произведен тутун.
Прашање: Каде и колкава е заработката на тутунарите господа од тутунската индустрија?
Национална земјоделска мрежа- Ѓорги Каракашев