Помеѓу 12 и 16 отсто од Бугарите постари од 15 години немаат банкарска сметка, открива студијата на бриселскиот тинк-тенк Финас Воч. Слична е сликата во Унгарија, а најекстремна – во Романија, каде три од секои десет луѓе над 15 години немаат банкарска сметка. Авторите на извештајот коментираат дека една од главните причини се високите банкарски провизии, кои предизвикуваат особено посиромашните луѓе да ги избегнуваат услугите на финансиските институции.
Ниту европската регулатива која ја создаде таканаречената основна банкарска сметка не помага. Тоа е факт и во Бугарија, но неговата употреба е занемарлива, забележува Eкономик.бг.
Во Германија трошокот за основна уплата е 27,83 евра месечно. Во Данска и Финска е поевтино – околу 13-10 евра. Во Шпанија, одржувањето сметка за основните операции е дури и бесплатно за посиромашните домаќинства (со приход помал од 25.200 евра годишно).
Кај нас основната уплатна сметка беше ослободена од такси – под услов да се користи за примање плата, пензија, стипендија, анализира „Сега.бг.њус“. Меѓутоа, како што стана јасно, во Бугарија секоја банка измислува некои дополнителни критериуми и услови, поради што малку Бугари имаат корист од олеснувањата. Според податоците на Министерството за финансии од септември, кога се укинаа давачките, на почетокот на годината отворените сметки за основниот платен промет биле само 1.000-2.000.
Високиот процент на луѓе без банкарска сметка во некои земји се објаснува и со размерите на сивата економија, а тоа е случај со Романија, Бугарија и Унгарија.