“Дрекслмајер Македонија“ ги испрати на времен платен одмор вработените и наредните две недели ќе работи на технички минимум. Главна причина за ваквата одлука, како што соопштија од компанијата, е ширењето на коронавирусот, но и кризата во автомобилската индустрија предизвикана од тоа.
На одмор во траење од две седмици се 5.300 вработени, но не се знае дали потоа ќе тргнат на работа.
– Фабриката во овие две недели ќе работи на технички минимум, одржување на машини и слично. Секако, здравјето и безбедноста се на прво место, па така точниот почеток на производство и работа е во зависност од тоа како ќе се одвива ситуацијата со ширењето на коронавирусот, како и од развојот на настаните во автомобилската индустрија и нарачките што ги добиваме од нашите клиенти – информираат од компанијата.