Согласно анкетата која ја спореведе БанкоМетар.мк во текот на месец февруари со своите следачи и читатели, дојдовме до интересен заклучок во однос на просечната македонска плата.

Иако, согласно тврдењата на Државниот Завод за Статистика (ДЗС) дека просечната плата во Македонија минатиот месец била 24.548 денари, граѓаните во двотретинско мнозинство тоа го отфрлаат. Имено, на анкетата резутатите беа следните:

  1. Лица кои не примаат плата од 24.548 денари т.е. лица со пониска плата : 55%
  2. Лица кои примаат плата од 24.548 денари или повисока : 34 %
  3. Лица кои се полнолетни но не се вработени (лица без плата ) : 11 %

Доколку се земе во предвид секој глас, и на лицата кои се полнолетни а не се вработени ( бидејќи нивната плата е 0 денари ) доаѓаме до ситуација дека 66 % од работоспособното население не ја прима НИТУ просечната плата.

Тука можеме да влегуваме во дебати за статистичката распределеност на носителите на статистичките настани и единици, но за да го упростиме овој феномен ќе се повикаме на старата народна умотворба која го тангира ова прашање : „ Ти јадеш месо, јас јадам зелка – заедно јадеме сарма“

Но, за жал, ѓаволот ја однел шегата тука оддамна и поради тоа и врз основа на оваа анкета можеме да заклучиме само дека ситуацијата во однос на платите во Македонија, како минималната така и среднатата плата ( со оваа дисперзија на „задоволни граѓани“ ) е повеќе од сериозна, дури би додал и очајна.

 

Наум Димитровски