Во вторниот квартал статистичките податоци покажуваат дека стапката на слободни работни места изнесува 1,44 проценти, односно дека имало 7.199 слободни работни места.
Највисока стапка на слободни работни места има секторот објекти за сместување и сервисни дејности со храна 2,59 проценти или 585 слободни работни места, додека најмала е стапката во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,24 или 20 слободни работни места.
Деловните субјекти со број на вработени од три до девет имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 1,93 проценти, односно имаат слободни 1.795 работни места. Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,05 отсто, но најголем број работници се бараат во скопскиот 3.581.
Најголем број слободни работни места, односно 2.794, има во петтата група занимања – работници во услужни дејности и продажба.