Во пресрет на парламентарните избори, дел од партиите најавија во својата програма пензиска реформа и можност да се коригира возрасната граница за пензионирање во земјава. Во Македонија, во пензија се оди со навршени 64 години возраст за мажите, а за жените со 62 години, со можност да се продолжи до 64 години. Многу влади низ светот веќе сметаат дека 65 години е застарена возраст и сакаат да ја сменат старосната граница за пензионирање. Па така, Американците имаат право да добијат целосна пензија на 67-годишна возраст. Но, во некои европски држави, пензиските реформи не беа прифатени, па така во Франција имаше бројни штрајкови со цел да се оневозможи да се зголеми возраста на пензионирање над 65 години…
Во Македонија, во пензија се оди со навршени 64 години возраст за мажите, а за жените со 62 години, со можност да се продолжи до 64 години. Секако дека не е доволно да се исполни возраста, треба да се имаат и најмалку 15 години работен стаж. Во пресрет на парламентарните избори, дел од партиите најавија во својата програма пензиска реформа и можност да се коригира возрасната граница за пензионирање во земјава. Споредено со земјите од регионот, во соседна Србија, условот за старосна пензија е мажите да имаат наполнето 65, а жените 63 години, при што е потребно да имаат минимум 15 години стаж на осигурување. Но, и кај нас и во соседна Србија, по пензионирањето, пензионерите се чувствуваат дека се подготвени за работа, постојат бројни можност да продолжат да работат хонорарно.
Во Црна Гора, прагот на пензионирање е повисок, и тоа за мажите е 66 години возраст и минимум 15 години стаж, додека за жените 64 години и минимум 15 години стаж. Слично е и во Босна и Херцеговина, каде што се оди во пензија на 65 години возраст и со 20 години пензиски стаж или 40 години стаж без оглед на возраста. Хрватска ја врати возраста за одење во старосна пензија од 67 на 65 години откако граѓаните, пред неколку години, се изјаснија на референдум. Што се однесува за Албанија, во моментов тамошните закони предвидуваат мажите да заминат во пензија со 65, а жените со 61 година и осум месеци.
Слична е состојбата и во земјите од ЕУ, каде што сè повеќе расте прагот на возраст кога треба да се замине во пензија. Во многу од државите, веќе не се оди во пензија на 65 години, особено што е зголемен и просечниот животен век, па се заминува во пензија по 67-годишна возраст. Но, во некои европски држави, пензиските реформи не беа прифатени, па така во Франција имаше бројни штрајкови со цел да се оневозможи да се зголеми возраста на пензионирање над 65 години.
Во март годинава, компанијата „Блек рок“ го испратила своето годишно писмо до инвеститорите за крипто инвестиции, во кое извршниот директор Лери Финк дал предупредување до работниците да не се надеваат дека ќе се пензионираат во своите шеесетти. Според него, со оглед на глобалното зголемување на животниот век, слабеењето на системот за социјална заштита и наглото зголемување на трошоците за живот, пензионирањето на 65 години треба да биде возможно за повеќето луѓе.
Анализите покажуваат дека во периодот од 2000 до 2019 година, глобалниот животен век се зголемил од 67 на 73 години, а до 2050 година, од ОН очекуваат дека секој шести човек во светот ќе има 65 или повеќе години. Како што старее населението така многу земји наскоро ќе ја достигнат точката каде што ќе имаат повеќе пензионери отколку нови работници. Таа точка може различно да се достигне во различни држави. Така, во Бразил до 2035 година, во Индија до 2048 година и во САД до 2053 година.
Во современиот свет, ситуацијата драстично се менува, па затоа се поставува прашањето дали пензионирањето на 65 години е нереално и треба да се коригира. Според Гал Ветенштајн, виш истражувачки економист во Центарот за истражување за пензионирање на Бостонскиот колеџ, досега ова беше „груба проценка“ наменета да ги извади луѓето од работната сила на самиот крај од нивниот живот. Во САД, Medicare, федералната програма за здравствено осигурување, моментално е достапна само за возрасните постари од 65 години, но има исклучоци за помладите лица само доколку се со попреченост. Така, Американците имаат право да добијат целосна пензија на 67-годишна возраст.
Многу влади низ светот веќе сметаат дека 65 години е застарена возраст и сакаат да ја сменат старосната граница за пензионирање. Американците се загрижени како да се обезбедат финансиски за полесно да се поминат пензионерските денови. Според пресметките, „магичната бројка“ за безгрижни пензионерски денови достигнала речиси 1,3 милиони долари. Тоа е богатство што повеќето не може да го заштедат додека не се наполнат шеесет години и не се приближува до она што може да го обезбеди пензијата.
Токму овој недостиг на финансиски удобна возраст принудува многу работници ширум светот да останат на работа и по 65-годишна возраст.
И експертите се согласуваат дека пензионирањето во шеесеттите е веќе сон. Кога станува збор за пензионирањето, според нив, сегашната 75-годишна возраст одговара на поранешните 65.
Заклучокот на професорот Пери е дека тешко се применува поранешниот мултигенерациски метод на штедење, а тоа е да штедиме во нашите помлади денови за да имаме поудобна старост. Новото искуството од изминативе години покажува дека како што се зголемуваат трошоците за живот така секоја заштеда едноставно не обезбедува доволно сигурност во пензионерските денови, па затоа се работи и по 65. година од животот.
Пензиските политики што ги поддржуваат луѓето во осумдесеттите и во деведесеттите, сега веќе не се актуелни. Затоа политиките што беа воспоставени некогаш за поддршка на пензионерите до крајот на нивниот живот, сега треба да се приспособат на современите околности.