Македонската банкарска асоцијација (MБA) информира дека е надминат проблемот со картичките на Мastercard и Visa.
Граѓаните денеска не можеа да вршат трансакции, ниту да извадат пари од банкомат со картичките, но проблемот веќе е надминат.
Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека e надминат проблемот поврзан со картичните брендови VISA и MasterCard. Се заблагодаруваме на сите засегнати страни за терпението и разбирањето, соопшти МБА.
МБА претходно информира дека картичните брендови Visa и MasterCard се недостапни, а граѓаните можат да добијат средства само во експозитурите и филијалите на банките.
Народната банка на Република Македонија (НБРМ) во меѓувреме соопшти дека привремената недостапност на дел од услугите со платежни картички е поврзана со самите системи на споменатите картични брендови.