Надоместот за чување на нафтени резерви ќе изнесува 2,5 евра по тон, а ќе се плаќа преку Агенцијата за нафтени резерви којашто во буџетот има предвидено средства за таа намена.
-Со Уредбата за утврдување на висината на надоместот за чување и евапорација (испарување) на нафта и нафтени деривати од задолжителните резерви што ја усвои Владата на последната седница и се овозможува на Агенцијата за нафтени резреви практично да плаќа надомест за чувањето на нафтените резерви. Цената е 2,5 евра по тон. Агенцијата во својот Буџет има обезбедено средства за исплата, изјави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски.
Агенцијата за нафтени резреви ќе плаќа надомест откако Уредбата ќе биде објавена во Службен весник.