Надворешната трговија во март годинава забележа најголем пад во последната деценија од 21,9 проценнти, покажуваат поселдните податоци на Државниот завод за статистика. Ова е ефектот од светскиот карантин во кој земјава влезе на срединната на март, а се очекува подаоците за април во стоковата размена со странство да бидат полоши од тие за март.
За експертите ваквиот пад на надворешната трговија на земјава е очекуван и е резултат на погодената глобална економиија од корона кризата.
„Во нашата економија, падот е доминантно движен од компаниите кои се дел од глобалните синџири на понуда, извозно ориентираните компании и странските инвестиции во земјата. И двете групи беа под силно влијание на намален извоз, делумно поради рестриктивните мерки, делумно поради намалена побарувачка. Но, кај странските инвеститори, производството и извозот е движен од економските и производствени активности на матичните компании. Па така, затварањето и намалувањето на производството кај матичните компании директно ќе се рефлектира и на странските инвеститори во земјата“, вели Благица Петрески од Институтот „Finance Think“.