Во текот на третиот квартал од 2024 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е намалена за 92 милиона евра и изнесува 8 милијарди и 544 милиона евра, што претставува 59% од проектираниот БДП за 2024 година.
Народна банка го објави редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција.

На крајот на третиот квартал од 2024 година, односно на 30.09.2024 година, нето надворешниот долг изнесува 4 милијарди и 432 милиона евра (или 30,6% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во третиот квартал од 2024 година, е намален за 63 милиони евра, или за 1,4%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 67%.