На главните европски берзи денеска владее оптимизам и индексите се во пораст, а во исто време е забележан и скок на цените на нафтата, златото и пченицата.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 16.803,44 поени, исто како и лондонскиот FTSE 100 на 7.527,59 поени, францускиот CAC 40 на 7.414,19 поени, а московскиот MOEX на 3.176,1 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на 37.905,45 поени пред денешното отворање на берзата, додека вредноста на индексот Nasdaq се искачи на 15.425,94 поени, а вредноста на индексот S&P 500 на 4.864,60 поени.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 74.617 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 79.799 долари.
Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 27.250 евра за мегават-час.
Цената на златото порасна на 2.030,04 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а цената на пченицата се искачи на 6,0048 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08772, што е за 0,25 отсто повисока отколку во вторникот.