Цените на нафтата пораснаа на меѓународните пазари по повторното воведување на американските санкции врз големиот нафтен извозник, Иран, поради што се очекува намалувње на глобалната понуда.

Санкциите официјално стапија на сила по поноќ. Банката „АНЗ“ во соопштение до клиентите објави дека поради санкциите загубите во понудата би можеле да се движат помеѓу 600 и 1,5 милиони барели дневно. Поради тоа, велат, на пазарот на нафтата остануваат тесни односите помеѓу понудата и побарувачката, покрај зголемувањето на производството од членките на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), која настојува да ги надокнади загубите.

Многу земји, вклучувајќи ги американските сојузници во Европа, како и Кина и Индонезија, се спротивставуваат на сакнциите. Американската влада соопшти дека сака што повеќе земји да престанат да ја купуваат иранската нафта.

Француската банка „Societe Generale“ објави дека во моментов пазарот е добро снабден, но додаде дека поради санкциите во Иран, пазарот ќе остане без милион барели нафта дневно.

 

 

 

 

 

 

извор: Makfax