Сепак, грижите поврзани со побарувачката фрлаат сенка врз цената на нафтата

Цената на нафтата расте на азиските берзи и покрај оптимизмот дека Федералните резерви на САД ќе ја намалат својата водечка каматна стапка за прв пат по повеќе од 10 години оваа недела, што ќе го поддржи економскиот раст и побарувачката за нафта кај најголемиот потрошувач на „црното злато“ во светот, пренесува Ројтерс.

Типот на нафта „Брент“ со седиште на берзата во Лондон а ископ од Северното Море, кој е репер за европскиот пазар, порасна за 33 центи, или 0,5 проценти, на 64,04 долари за барел, откако додаде во претходната сесија 0,4 проценти.

Лесната сурова американска нафта ја зголеми својата цена за 30 центи, или 0,5 проценти во азиската електронска сесија на Њујоркшката берза, на 57,17 долари за барел, откако вчера порасна за 1,2 отсто.

Таканаречената „мирољубива“ монетарна политика во Соединетите држави, каде централната банка ги намалува каматните стапки, „би го поддржала продолжувањето на активностите за глобална економска експанзија и растот на побарувачката на нафта“ за втората половина на 2019 година, пренесува „Ројтерс“ според изјавата на Бенџамин Лу, аналитичар во Phillip Futures во Сингапур.

„Ако ФЕД е малку помирен, а ние имаме намалување од 75 основни поени … можеме да видиме дека нафтата се искачува на 60 долари“, вели Лу преку телефон, осврнувајќи се на лесната сурова нафта.

Сепак, „загриженоста за побарувачката е во сенка на цената на нафтата“, додаде тој.

Дводневниот состанок на Комитетот за монетарна политика на ФЕД ќе започне подоцна денес, при што централната банка се очекува да ја намали својата главна каматна стапка за прв пат од екот на финансиската криза пред повеќе од една деценија. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мал пад на каматните стапки „не е доволен“.

Продолжуваат да се појавуваат грижи за ризиците од снабдувањето со нафта, бидејќи тензиите остануваат околу теснецот Хормуз низ кој поминува околу една третина од светската нафта.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк