Најголемиот нафтен производител на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) – „Abu Dhabi National Oil Company“ (ADNOC) им вети на инвеститорите дека „претстои уште многу“ од плановите за проширување на компанијата во Саудиска Арабија.
„Ние известуваме за добар напредок во регионалните планови за експанзија“, рече Џон Кери, заменик-директор за дистрибуција во „ADNOC“.
„Нашите планови се: да се воспоставиме прво на целата територија во ОАЕ, и во овој поглед направивме голем напредок. Во Саудиска Арабија успеавме да издејствуваме лиценца и веќе разговараме со нашите локални партнери, каде имаме намера да наметнеме еден силен и одговорен начин. Значи, има напредок, но сѐ уште ни претстои многу“, вели Кери.
„ADNOC“, која го контролира речиси целиот нафтен резерват во зоната на ОАЕ, оствари 24-процентен раст на профитот за вториот квартал, и покрај релативното менување на пазарната средина.
Компанијата, која дебитираше на крајот на 2017-та година на берзата во Абу Даби, објави нето добивка од 158 милиони долари за периодот април-јуни.
Кери го опиша профитот на нафта како „еластичен“, додавајќи дека „ADNOC“ работи напорно на своите иницијативи.
ИПО-то (IPO) на компанијата на крајот на минатата година беше дел од стратегијата на OAE, како и на други држави од Персискиот залив, да бидат приватизирани средствата од енергетскиот сектор во момент во кој цените на нафтата беа релативно ниски.
Вредноста на акциите на „ADNOC“ опадна за повеќе од 9 отсто од почетокот на своето ИПО во минатата година.