Се зголемуваат случаите на појава на маслени дамки од испуштените нафтени деривати во морињата и на бреговите низ Грција. Серијата инциденти со загадувањето на морето во различни области на земјата во последно време предизвикува загриженост за штетите што се појавуваат и прашања за тоа како се распределени одговорностите за чистење на плажите и морските брегови.

Типичен пример е случајот со загадувањето на морето пред неколку недели во северозападна Икарија, каде што е забележана појава на нафтени деривати (катрани) на плажите Месакти, Ливади и Спасмата Евдилос. Првично, имаше поплаки од капачите за појава на пена и црни дамки во водата, кои на крајот се излеаа по целиот брег на плажите. Пред неколку недели во северозападна Икарија е забележана појава на нафтени деривати (катрани) на плажите Месакти, Ливади и Спасмата Евдилос. Општина Икарија преку објава на социјалните мрежи побара учество на волонтери во расчистувањето, посочувајќи дека „не можејќи да го преземе чистењето со моментално расположливиот персонал, апелира до оние кои сакаат доброволно да помогнат во чистењето на крајбрежјето од остатоците од нафта, да се соберат на плажата Месакти (на доброволците ќе им бидат обезбедени ракавици, вреќи за ѓубре и вода)“.

Дополнително, општинската власт побара помош од оние кои можеби имаат опрема против загадување. Заменик-градоначалникот на Икарија, Сотирис Кочилас, во изјава за „То Вима“, вели дека за инцидентот го предупредиле луѓе кои биле на плажата и забележале „постоење на парчиња катран“.

Како што вели, „откако ќе излезат остатоците од загадувањето, одговорноста преминува на Локалната самоуправа. Во последните месеци имаше инциденти и во Јонското и во Егејското Море.

Според неодамнешните податоци на крајбрежната стража, од почетокот на годината, инциденти се регистрирани – меѓу другото – во Сивота, Вула, Глифада, Нео Коња, Вличада и Солун и како што е наведено „во сите случаи земени се примероци од областа на загадување и примероци на нафтени деривати од соседните бродови со цел да се идентификуваат прекршителите“.