Нафтените компании оствариле профит од околу три милијарди евра во Европа од почетокот на војната во Украина, се наведува во извештајот објавен од Гринпис, пренесува порталот ЕУ Обсервер.
Помеѓу јануари и март, цените на суровата нафта се зголемија за околу 19,38 центи за литар, што ги натера активистите да бараат даноцi на неочекуваната добивка и истраги за потенцијално местење на цените, се додава во извештајот на Гринпис во четвртокот.
Посочуваат дека е неопходно да се забрза зазеленувањето на транспортниот сектор за да се намали зависноста од нафтата од Русија.