Цените на пченицата драстично пораснаа на светските пазари по рускиот напад врз Украина, што ги одразува стравувањата од прекини во снабдувањето од два големи светски извозници.
Цената на бушел пченица (35,24 литри) се зголеми за повеќе од пет отсто, на 935 американски центи (9,35 долари), приближувајќи се на највисокото ниво од 2012 година. На тргувањето утринава на берзата во Чикаго (COBT) цената порасна за максимално дозволени 50 центи.
Русија е најголемиот извозник на пченица во светот, а заедно со Украина држи 29 отсто од светскиот извозен пазар.
Цената за бушел пченица се зголеми за повеќе од 5 отсто, на нешто помалку од 935 американски центи денеска – највисоко ниво од 2012 година. Русија е еден од најважните производители на пченица во светот.
Поскапеа и голем број суровини што се извезуваат од Русија .
Меѓутоа, конфликтот врши двојно поголем притисок врз пченицата, бидејќи Украина е исто така еден од најголемите светски производители на пченица. Заедно, двете земји сочинуваат околу една четвртина од глобалната трговија.