Цените на гасот во Европа денеска силно пораснаа бидејќи трговците се загрижени поради вооружениот конфликт во Израел и затворањето на гасоводот на Балтикот поради можно истекување гас.

На централната европска платформа за тргување со гас во Холандија TTF, цените на фјучерс договорите со датуми на испорака од еден месец се зголемија за 10 отсто во споредба со затворањето на трговијата минатиот петок, на 41,80 евра за мегават час (MWh).

И покрај двоцифрениот скок, тие се уште се далеку под минатогодишниот врв од повеќе од 300 евра за мегават час, што го одразуваше прекинот на испораките од Русија и барањето алтернативни извори на снабдување.

Инцидентот ја истакна ранливоста на снабдувањето со гас во Европа

Трговците го објаснуваат скокот со затворањето на финско-естонскиот гасовод поради падот на притисокот во текот на викендот. Финскиот оператор не ја исклучува можноста за истекување на гас, додавајќи дека се уште се обидува да ја утврди причината за падот на притисокот. Инцидентот сè уште не претставува закана за снабдувањето со гас на Европа, но ја нагласува ранливоста на мрежата за снабдување.

Трговците го поврзуваат зголемувањето на цената со веројатната ескалација на конфликтот во Израел по нападот на палестинската вооружена група Хамас. Цените на нафтата реагираа посилно на конфликтот отколку цените на гасот, бидејќи регионот е клучен светски производител и инвеститорите стравуваат од дестабилизација на целиот Блиски Исток.