Од 15 декември стартува наградна игра МојДДВ#Моја награда за граѓаните коио скенираат фискални сметки. Покрај повратот на 15 проценти од ДДВ тие ќе имаат шанса и за парична награда, соопшти министерката за финансии Нина Ангеловска.
Секој ден ќе се извлекуваат до 10 парични награди: Четири во износ од по илјада денари, три од по 2 илјади денари, и три награди од по 3 илјади денари.
Секој месец, пак, ќе има 12 извлекувања за 15 награди од по 100.000 денари.
Предвидени се и две главни премии од по 3 милиони денари.
Првото извлекување за главна награда ќе биде во март, а второто на крајот на наградната игра во декември 2020 година.