Истакнатото лидерство во помагањето на јавното здравство и на останатите општествени сегменти кои беа најпогодени од налетот на Ковид-пандемијата, ѝ ја донесоа на Комерцијална банка „Наградата за голем корпоративен филантроп за 2020 година“. Наградите за филантропија ОКО се доделуваат во рамките на проектот SIGN UP for Impact, во организација на Здружението Хорус.

Комерцијална банка е добитник на оваа награда заради своите донации во јавното здравство, кои од почетокот на Ковид-кризата достигнаа вкупен износ од над 622.000 евра, како и заради донацијата на лаптопи на 46 ученици за да им овозможи следење на онлајн наставата. Во областа на филантропијата Банката се истакнува и со својата повеќедецениска соработка со Црвениот крст.

Проектот SIGN Up for Impact (SUfI) го имплементираат членките на регионалната мрежа на локални фондации од Западен Балкан – SIGN, а e финансиран од ЕУ, Балканскиот фонд за демократија, Балканската мрежа за развој на граѓанското општество и од Шведската агенција за меѓународен развој.