Голема наградна игра за корисниците на Mastercard® и KomPay на Комерцијална банка.
Плаќајте бесконтактно и играјте за Toyota Corolla Hybrid или за 90 други награди!
Учествувајте во Наградната игра од 9 декември 2019 до 12 јануари 2020 година преку купување со Вашите Mastercard® бесконтактни картички за физички лица од Комерцијала банка и со мобилната апликација за бесконтактни плаќања KomPay.
Со секоја бесконтактна трансакција со Mastercard® на продажни места во нашата земја од најмалку 200 денари, добивате една шанса за добивка (еден код), а со секоја трансакција од најмалку 200 денари направена со KomPay, добивате две шанси (два кода).
Колку повеќе бесконтактни плаќања – толку повеќе шанси за награда. Вашите кодови ќе можете да ги видите на изводите од сметката за картичката, преку Интернет банка, мБанка или на печатен извод добиен на шалтер.
Главната награда е автомобил Toyota Corolla Hybrid и ќе ја доделиме на главното извлекување на 22 јануари 2020 година.
Претходно, секоја недела ќе доделуваме по 1 (еден) смартфон Samsung Note 10, 1 (еден) лаптоп HP Pavilion i7, 1 (еден) електричен тротинет Hamachi, 5 (пет) гифт-картички за трговскиот центар „Скопје Сити Мол“ во вредност од 5.000 денари и 10 (десет) гифт-картички во вредност од 3.000 денари. Неделните извлекувања ќе бидат на 18 декември 2019, 25 декември 2019, 2 јануари 2020, 8 јануари 2020 и 15 јануари 2020 година.
Во неделните извлекувања ќе учествуваат сите трансакции (кодови) направени во текот на соодветната недела, а во извлекувањето за главната награда ќе учествуваат сите кодови направени во периодот од 9 декември 2019 до 12 јануари 2020 година до 23:59 часот, кои не се добитни во неделните извлекувања.
Списокот на добитници ќе биде објавен во рок од 3 (три) дена по секое извлекување, на интернет-страницата на Комерцијална банка и на официјалната Facebook страница.
Среќно!
Правила на наградната игра „Бесконтактно плати и награда фати“