Богатството на Џеф Безос се зголеми за дополнителни 12 милијарди долари благодарение на исклучителни резултати на Amazon што ги надминаа и очекувањата на Волстрит, пишува Independent.
Џеф Безос, најбогатиот човек на планетата, сега е уште побогат и има над 134.000 милјарди долари, тоа е 43.000 милјарди долари повеќе од второпласираниот Бил Гејтс, според Billionaires Index на Bloomberg.
Акциите на Amazon скокнаа повеќе од 10% што е рекордно високо ниво откако компанијата објави дека приходите се зголемиле за 43% во текот на годината и стигнале до 51 милијарда долари.
Како резултат на профитот компанијата ја зголеми цената за видео стримингот и сервисот за брза испорака на 119 долари.