Семејството Волтон, кое е основач, според приходите, на најголемата компанија во светот, во четвртокот стана побогато за 11,6 милијарди долари, објави каналот „Си-ен-би-си“.
Најбогатото семејство во светот стана уште побогато кога синџирот супермаркети „Волмарт“ во четвртокот ја објави најдобрата продажба во последните десет години. Вкупното богатство на семејството Волтон се зголеми 11,6 милијарди долари и сега изнесува 163,2 милијарди долари.
Семејството Волтон е на првото место на листата на „Блумберг“ и има дури 64 милијарди долари повеќе од семејството пласирано на второто место. Оваа фамилија по своето богатството во мај ги надмина Џеф Безос, Бил Гејтс и Ворен Бафет. Една недела подоцна „Волмарт“ шеста година по ред стигна до првото место на листата Fortune 500. Со приход од 500,3 милијарди долари, „Волмарт“ се наоѓа на врвот на годишната листа со највредни американски компании.
Основачот на синџирот супермаркети „Волмарт“, Сем Волтон, ја отворил својата прва продавница во Арканзас во 1962 година. За неколку децении бизнисот се проширил толку многу што сега има повеќе од 12.000 маркети. Сем и Хелен Волтон имаат четири деца (Роб, Џон, Џим и Алис).