Генералниот директор на Халк Банка, д-р. Билал Суџубаши, ќе одржи конференција на тема: “Принципите на банкарското работење на глобално ниво и во Република Македонија„ на 28 јуни во конференциската сала на НБРМ. Пријавувањето е до 26. Јуни. Уплатата за учество на обуката е 1 500 денари, за студенти има 20% попуст (1200 денари) и за членки на АБИТ е обезбеден 50% попуст.

 

Цели на конференцијата се:

  1. Согледување на разликите во однос на банкарските принципи и  практики во различни делови од светот
  2. Согледување на практиките за поттик на развојот на една организација
  3. Идентификување на маркетингот и продажбата како основа за успехот

Содржината е поделена на три модули и тоа:

МОДУЛ 1: Карактеристиките на модерното банкарство во различни делови од светот

  1. Дефинирање на банкарството од практичаритеи идентификување на предизвиците со кои се соочуваат банките во современото општество
  2. Принципи на модерното банкарство во различни делови од светот
  3. Карактеристики на банкарскиот сектор во Република Турција

МОДУЛ 2: Тековни состојби и иден развој на банките во Република Македонија

  1. Тековни состојби во банкарскиот сектор во Република Македонија
  2. Иден развој и приоритети во управувањето на банките
  3. Халк Банка АД Скопје – банка со галопирачки раст

МОДУЛ 3: Маркетинг и развој на нови производи во банкарскиот сектор

  1. Трендови во маркетингот во банкарскиот сектор на глобално ниво
  2. Иновативноста во банкарскиот сектор
  3. Предизвици во создавање силен бренд во Република Македонија

На крајот, секој слушател добива сертификат за учество на обуката. Обуката се изведува на турски јазик со превод на македонски јазик.